толку (прил.) - ќе (чест.)

Но, да знаеш, ова е навистина добро, сега толку ќе се искомерцијализираат дрогите, што веднаш ќе излезат од фазон.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ох, тој е навистина прекрасен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш, во почетокот на декември 1996-та, сѐ уште се двоумевме околу изреченото и не ни претпоставувавме дека “мороните” толку ќе се размавтаат што ќе станат клучна тема.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Угостителите се принудени своите гости љубезно да ги служат, зашто од тоа колку повеќе гости ќе пречекаат, толку ќе порасне нивниот промет од кој, на крајот, ќе зависат и нивните заработувачки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кој не ќе купи чукани одбрани брави лира за глава кога е сигурен дека толку ќе печали?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, после... не ми се виа овчари мене момци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја локумот, бре едепс'з, за кого носиш. Толку ќе правиш будала нас Турците?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку што ќе ги сметаме алтернативните светови за убави, толку ќе бидат и стварностите, во коишто живееме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Страв ми е дека толку ќе се пикнам во тебе што не ќе можеш да се ослободиш од мене. Како крлеж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но кој мислел, кој можел да верува дека неговиот престој во колибата толку ќе се одолжи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колку повеќе се страда во сегашноста, толку ќе се ужива во иднина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако беше жив не верувам дека толку ќе се плашев од него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
-Кој колку „сака“ да живее, толку ќе живее.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Ајде, стануј од креветот, само толку ќе ти речам,“ рече Дјуган.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Му го однесол зајакот син му од царо на царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Царицата и самиот цар се сториле тебдил и еден по други беа ошле кај момчето, та беа му купиле по еден зајак за како од како да му ѝ скусат зајаците, арно ама момчето било итро како некој ѓаол, тики ѝ сетило и царот и царицата, та му зело пари многу и му удрило по еден муур на буто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го сторил син му од царот тебдил и го пратил кај момчето да купи еден од зајаците, колку пари ќе сакат, толку ќе му даел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Колку Партијата ќе станува помоќна, толку ќе биде понетолерантна: колку послаб отпор, толку поцврст деспотизам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оригиналната верзија на теоремава е на германски и вие можеби ќе си речете дека исто толку ќе разберевте и да ја прочитавте во оригинал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Телефонските врски за десет години толку ќе застарат, како што се денес камшиците за коњи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кај него ќе ги остави ѓакот и тој ќе ги продаде сите тае работи и колку ќе чини „кабул“, толку ќе внесе во манастирската каса, која всушност беше Сталевото ќесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толку ни стига чергата — толку ќе си и пушчиме нозите. Нека е аирлија саатот, сѐ е убаво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сме сиромаси, братко колку за толку ќе пречекаме и ние еден пријател.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, лебами, Мамуд и други параспурџии од чаршијата којзнае цела недела дали толку ќе заработат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имам две тетки кои ме смачкале од секоја страна... Ги одбутнувам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Спијат и ‘рчат таму доле...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така толку ќе си ги разранеше рацете што стануваше бесен. Ѝ викаше да внимава...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
— Ќе ви залетне некоја коска од ,рибите", вели Лазор Рогожаров и ние уште толку ќе викнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
ЈАКОВ: Те предвидов во униформа во драмата, но не знаев дека животот толку ќе ја надмине уметноста.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Двајцата почна да ги обзема возбуда што чиниш толку ќе ги крене од земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„А бре, ти си биринџи човек, толку ќе си будала?“ „Будала, вели пашо.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оној нејзин паун, иако не знае што сторила, уште толку ќе ја рашири опашката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)