топло (прил.) - во (предл.)

А тука, крај Егејското Mope веќе горештините престанаа, комарците се поизретчија, а ноќите станаа пријатни, што на Сталчето не му се одеше од лето во зима, од топло во студ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговата фигурална скулптура сугерира дека настојувал дури и да создаде сурогати на човечки тела од репроматеријалите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но ниедно тело никогаш потполно не ги задоволувало очекувањата: никогаш не можел да се почувствува доволно топло во било каква кожа, а посебно не во онаа која му ја подарила природата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така што уметнички воведувал “здрав хаос, здрава безобличност” - дали потопувајќи се во такви материјали како што се медот и земјата, или преку акциите и флуксус деловите кои неговата психа и тело ги ставаа во течност, во елементарен процес - Бојс се вратил не само на состојбата на сонот и фантазиите од детството туку и на топлиот, безобличен, формативен период на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ВО ЈАНУАРИ, беше топло во Париз. Ретко среќавав луѓе во зимски палта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ликот на учителката Вера онаков каков го имав топло во срцето не би ми се мешал со ликот на Вера - маќеа, тоа би било нешто сосема друго...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татко му прво го научи како се прави платното од козина за покривот, за тој да држи сенка во жешките пладниња, а топло во студените ноќи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој остануваше, сѐ додека мајка ми не ќе го повикаше со силниот глас да се вразуми и да дојде на топло во кујната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога се засркнуваме од сланина или парче пилешка салама, си помагаме еден на друг во земањето воздух и сред воздишки се смееме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Колку е топло во училницата!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Светеше силно и топло во темната и студена ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)