точно (прил.) - шест (бр.)

Како што реков, бев на насловната на New York Daily News - “Actress Shoots Andy Warhol” - точно шест години по “129 Die in Jet” од 4 јуни 1962, мојата голема инспирација.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема никогаш да заборавам како иследникот, на тоа последно испитување неколкупати повтори дека моите изјави, напишани точно шест пати, го потсетувале на јајца од иста кокошка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа докажувало дека сум ја знаел изјавата наизуст, дека со неа успешно сум манипулирал, а од таквото однесување произлегувал сосема логичниот заклучок дека станува збор за лажна изјава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По точно шест модулации, како по некаква магија, канонот се враќа во почетниот тоналитет: C мол.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)