трипати (прил.) - повеќе (прил.)

Зашто, и без тоа, таа заработувала трипати повеќе на друг начин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дека на никој жив нема да му кажеш на што ќе работиш и како ќе работиш?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Ако дојдеш кај мене“, рече инженерот, веднаш преминувајќи на ти, „ќе заработуваш трипати повеќе од тоа“. И, јас прифатив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мислам, не ми беше право, иако жената е створена таква, сѐ да може да поднесе трипати повеќе одошто мажот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)