тука (прил.) - близу (прил.)

Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оставен, осамен човек, тука близу до бескрајот на небото, каде се љубат дрвјата и осамнува нов ден над карпа камен.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Крцкаат пружините, а таа се стресува и и се присторува дека тука близу слуша рафали...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Осеќавав, макар да бев тргнала најблиску да одам, макар да сум заодела да слезам само до водата на езерото долу, да, осеќавав, велам, дека тој е некаде тука близу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми стануваше прејасно дека тука близу род­ниот град, семејната куќа крај Езерото, влегував низ вра­тата на сталинистичкиот лавиринт во земјата со безброј бун­кери, пароли кои не завршуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)