тука (прил.) - блиску (прил.)

Семејство, веднаш тука блиску, сите мили, до земјата родна, до нас.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Подоцна тука блиску се заселило селото Дуње и почнало да ја пушта својата стока во ова пасиште, кое Полчивци го чувале за зимовиште, бидејќи летна паша имале во големата планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Дунчани им беше пред нос, на Полчивци пет шест сати далеку од селото, но си имаа тапија за него и не сакаа да му го отстапат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука единствено беше надмината од фамозната Салтичиха.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Патем, нејзиниот гроб е тука блиску, сакате да го погледнете?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Е, токму на спојот на двата звука, тука блиску до соколааната, беше зборното место на Радица, матурантка во Економското училиште, и Роска, ученичка во Чевларското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Повели, влези, - му извика дедо ми. – Каков изим за добредојдениот? Ајде, седни тука поблиску до огнот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дали само на луѓе од Канада, преселници од Егејцко, оти е тука блиску границата, или и на други, за воена база или за нешто друго, не се знае, па и не е важно, велат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги пасеа воловите некаде тука поблиску или, ако одеа подалеку, тогаш одеа по оние места каде што се врткаше дедо Геро војводата со своите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)