туку (прил.) - така (прил.)

Барањето не беше строга наредба, ама и не требаше туку така да се отфрли.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Оф, веќе го забележав тоа! Туку така, од пакост, или по порачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па, така, од тие здивени времиња, кога многумина настрадаа на богдуша, во Потковицата останаа само споменот за администраторот, за Блажета Алексоски - Пената, и сознанието дека, сепак, не е препорачливо да се оди на Самовилец, туку така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Талогот на матежината се беше спуштил на дното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ах, дури по некое време се сетив дека тоа добро дело не се беше случило, туку така, од ништо. Во заднина стоеше некој!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не го рече тоа туку така, го посакуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во мракови се прибраа в село и Пелагија не ја лсна сијалицата кога влезе во одајчето, туку така промрзната и извалкана, се пикна под кувертата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)