туку (прил.) - што (прил.)

Често пати неписмени или туку што описменети селани - се народните певци.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И туку што ме затепаа, јас им се стопорив и тие се витосаа како муви уплашени од опашката на коњот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ЛУКОВ: (Се воздржува, ги прави последните обиди да изгледа спокоен.) Туку што не дошол. Ќе сети по миризмата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Еве“, вели Летка, „туку што заебав едно американско будалиште“. „Како?“ „Кучкин син“, вели Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)