убаво (прил.) - да (сврз.)

Да, Чанга за нецела година научи убаво да чита.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше строен, човек со мерак убаво да се облече, а она што кај него понекогаш ќе ни се стореше одважност, беше изгледа повеќе инает или, што е поточно, тврдоглавост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш не се сложивме околу сортата на кучето. (Порано зборувавме дека е убаво да имаме дете, а сега сака да купиме куче?) - Па добро, повеќе не ми е толку битна расата на кучето.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тетка Анѓа ги затна ушите, постоја неколку мига намуртена поради вревата, па продолжи: - Сакам убаво да се наредите в ред.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Едно само му се налути на Толета, шо му го зеде печеното јагне та не можеше убаво да ги нагости гостите; но тие сами видоа дека кривицата не е до домаќинот и се задоволија со кокошката, пржено сирење и јајца, та поминаа на алвата и виното.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш во Пионерскиот дом почнавме да се подготвуваме за Првомајската парада и веќе знаевме дека не е убаво да се лаже ни за први април оти тој што лаже и краде и цел живот ќе има вошки и ќе носи ѕиври.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ох, боже, крева глава жената, сака пак да се обиде, убаво да му објасни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да беше сега тука Димче можеа убаво да си поминат. Ех!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не ми е страв веќе, знам, нешто убаво да се случи треба, божественост нова.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа се наведна и почна убаво да го разгледува цртежот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Господине – продолжив – јас во мојата работа сум поминал низ многу гранични премини во Европа и во светот и секаде ме прашувале како сум, како патував и ми пожелувале убаво да поминам во нивната земја никоја и никој не ми рекол дека треба да зборувам само на нивниот јазик затоа што земјата е нивна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Добро што не бил тука татко ти, немало убаво да си помине.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Ова е како театарска сцена,“ рече брат ми. „Или како циркуска арена,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трча главниот лик во романот на Грум, трча постојано, потсетувајќи ги читателите дека ич не е убаво да си идиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа помисли колку е убаво да си дел од вечноста во вишен слободен лет. Колку е убаво и да не си сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И го зафати неперодолива желба пак да потоне таму каде што е сосема инакво и убаво да се биде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па иди друг, со убаво да го фати: - Немој така, бре, Вендија...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не му даваат дури ни убаво да офне: „Оф, мори мајко“ , да рече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Многу е убаво да можеш и да знаеш да сакаш. Да ги сакаш нештата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како второ: ако посакам слатко и убаво да се истегнам под зраците на топлото сонце, ниеден младич нема да ми побара исполнување на желбата да води љубов со женска од која потоа нема да му се гади.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Би требало убаво да видиме дали народот во дијалектите има посреќни зборови или изрази, кои би служеле крај старите! ја продолжи Татко својата мисла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав прилика еднаш да видам при копањето на еден гроб, трупот од човекот да е свртен наопаку на мев: оживеал по закопување во гробот и во маки завршил. Затоа убаво да проверите, те молам.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Момче убаво да ѝ навее; свекор и свекрва умни, разумни и живот со неј да си помине. Татко и мајка да слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ја стисна во своите прегратки, ја избакна и ја кладе на другата града убаво да се нацица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеше убаво да ги уочи подготвените улоги, дури и кај членовите на семејството, да извлечат што повеќе од старицата од другата страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со убаво да нѐ внесат во кафезот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Станав, и се приближив ододзади, ѝ се ближам и ѝ велам оти кафето може и убаво да биде и ѝ се ближам со главата меѓу увото и раменото да ѝ пуштам малку топлина од мојот топол воздух што го испуштам со зборувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со радост ја гушнав, во неа на светот бремињата од сонцето свое прогонети, ко Троја се скриле, врз нив седнати на љубовта ги гледам времињата и ослепувам, поубаво да ги видам тие што биле.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знае Гркот убаво да пее кога му оди, а уште потажно кога не му оди.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој знае по нешто многу убаво да нацрта, а Фигаро особено убаво го црта.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа... што има друго? Да, мораат и целите чинии убаво да се испразнат...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Додека секавиците прават ден во одајчето и таа може убаво да го здогледа своето девојче како мирно и слатко си спие, таа во себе си вели Нели еднаш ѝ простив на Мајката над Мајките?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Посатката е празна и Перса сега му посакува убаво да спие во својата куќичка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Треба убаво да се изнавардиш па да појдеш в нужник или некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се потргнува да го видам, убаво да си го претставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седиме така и зборуваме за штогоде, ама тогаш за сѐ ти е убаво да зборуваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеме убаво да те видиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некое меко дупче му стои озгора на главата и се плашам убаво да го погалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не те слуша, што се вели, не можеш и со убаво да го земеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, од пред очи, ни се загуби татко, не ми се вдаде ни убаво да го фатам со очите, да го испратам барем со погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу е важно за презимување растенијата убаво да ги измиеме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Убаво да редиш, збор до збор да иде, Ти сепак Голем поет нема да бидеш, ти никој не си, никој не те одбра тебе, Балканот, земја на контролирани поети, тоа ќе те врзе за цело време.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Знаеше толку убаво да раскажува, што нам сѐ ни личеше на приказна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За да можам убаво да ја пикнам раката во дупката, морав да ја нурнам главата во вода.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Фонтана. Да блика водичка, да шурка, убаво да биде, свежинка да шири, жедните да застануваат, да пијат, да се разладуваат...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Освен тоа знаеше убаво да раскажува, а Билјана знаше убаво да слуша, па така тие станаа големи пријатели.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)