успешно (прил.) - во (предл.)

Илче Мушаланов од Битола (сега 28-годишен), во моментов, е вработен на работно место чувар преку Агенција за обезбедување имоти и лица2 – различна од споменатиот тужен субјект за кој ќе стане збор подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако компанијата беше мала, таа работеше доста успешно во поглед на изнаоѓање работа и клиенти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зашто машката геј-култура, како што видовме, навистина ја покажува упорната неминливост што ја поврзуваме со јазично заснованите култури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај многу распространетото убедување дека машката геј-култура постојано застарува, излегува дека со текот на времето се сменила многу помалку отколку што сакаме да тврдиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-ослободувањето, всушност, не било толку успешно во напорот да ги преработи субјективните животи на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не успеало да инсталира геј-политичари и спортисти наместо женски диви, а не му ставило крај ниту на машкото геј-вреднување на вкусот и на стилот – иако геј-модите еволуирале од 1950-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Убави обичаи, убави времиња за старите ветерани...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)