успешно (прил.) - ќе (чест.)

Воедно треба да најдам некого кој успешно ќе го промовира мојот проект.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А, моментот кога ќе знам каде ќе се печати дискот, ќе знам кога и во колкав тираж ќе се појави на пазарот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така, Клементина верувала дека младата Ервехе ќе стане достојна жителка на малиот балкански Вавилон, за кој говореше вујко, и дека ќе биде подготвена за идниот балкански живот, но и свртена кон светот, успешно ќе ги открива излезите од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашата болница тогаш беше на добар глас, та затоа Грците заемно си препорачуваа да се лекуваат кај нас, надевајќи се дека успешно ќе бидат излекувани”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сметала оти со нивна помош Рибоокиот успешно ќе ја заврши работата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Толку успешно ќе се доближев до атеизмот (со примеса на сатанизам) да не беше очајната и немоќна неспособност за нешто повеќе од само сложена, убиствена ТЕОРИЈА.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)