утре (прил.) - да (чест.)

Утро да ја земеш и речи ѝ како да ја водиш на теферич, и отведи ја у планината да ја убиеш.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И тргна од бег до бег да бара на заем од кого пет, од кого десет лири, лажејќи секаде, дека купил нива на Чанишко и треба утре да му ја доплати за да го земе сенетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Утре да се чистиме! - ненадејно рече инженер Александар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)