уште (прил.) - два (бр.)

Толе паѓа на пусија уште два трипати, но навистина ниеден куршум не го погоди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште три удари, уште два удара, и дури тогаш ќе им кажам што сакаат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата состојба во овој период беше навистина тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По неговото „враќање“ на работа (кое ќе трае само уште два месеца) – условите за работа и работничките права како да не важеа за него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ум му падна и една друга света книга, некој псалтир, што ја беше видел кај струшкиот поп и од која овој му го прочита, со смеење, делот каде што пишуваше дека некој грешен јеромонах Данаил ја беше купил оваа книга од граматикот Тодор од охридското село Равне, и си ги дал за неа обетките од попадијата за позлатување и згора уште два перпера.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марк му враќа други два такта од истото оро.) И да си ебам мајката. (Борис свирнува уште два такта. Марк му враќа. Пауза. На Матеј.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ѓ) договор за вработување на куќни помошници (чл. 53, ЗРО/05) – кај овој посебен тип договор, покрај тоа што во нашата држава се официјализира една средновековна феудална категорија – „слугувањето“, „главарењето“ или „закрепостеноста“, има уште два куриозитета: единствено кај него е оставена одредбата која предвидува негова заверка во Заводот за вработување, што очигледно е пропуст при редактирањето на законскиот текст; а, во овој случај, предвидена е и можноста обезбедувањето „сместување и исхрана на работникот, кај работодавачот, да претставува дел од платата“ – кој пак дел, во договорот, мора да биде изразен во пари!?;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште два месеца,“ ми одговори, кога ја прашав кога ќе стане мајка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на еден живот човековото Јас е обликувано од искуството онака како што морето обликува камен во текот на столетија; Јас е она што го издвојува секое човечко суштество од остатокот на светот, но Јас е и она преку што човечкото суштество се поврзува со светот; Јас е центарот на гравитација на сопствениот универзум, тоа е чувството за себе и светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До зајдисонце имаше уште два остена кога Трајче влезе во Мацково.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)