уште (прил.) - ова (зам.)

„Еј! – Викнав низ инката од своите раце – го барам само уште ова!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стоеше нешто срамно зад него, тој го усеќаше како мртовечка рака на рамена, а можеше се да стане одеднаш поинаку, со еден познат збор, со едно обично помислување, дури уште ова не е поминато.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И цело време да му зборувам: сега ќе ми јадело детето, сега тета ќе му даде да папа... ајде, уште ова да го испапа, ап, ап, не прстето, грозје мое, не, теткино око, ап!...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку сакам уште ова да ви го речам: вие останувате, а ние постарите заминуваме. Мораме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Браво, уште ова требаше. Малку ми беа мозочни кризи, па сега треба да се справам со љубомора.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Леле само уште ова ми фалеше, турци, Боже мили, ...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)