уште (прил.) - што (зам.)

Уште рака што не фативме, велам, уште што не се поздравивме, ба му ја!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака да ја завлече главата во чевелот на Зоки и така како збудален да јури низ станот. И уште што не!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На „Клианкур“ можат да се купат и мајмуни, змии, мебел за кучиња, војнички униформи, сандали, петарди, стари носии, дршки од износени очила и уште што ли не ... А купувачи има.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз градот на романтиката, на шансоните, на шармот... и на сѐ уште што не стана моја реалност.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)