уште (прил.) - сабајле (имн.)

Кога таа би била на место на Обама, уште сабајлето на петти ноември Џорџ Даблју Буш би завршил на гилотина, Џон Меккејн би го испратила да дроби камен во Гвантанамо, Кондолиза Рајс јавно би ја шишале пред Капитол Хил, на Дик Чејни би му пуштила луѓе да го дават со свилен гајтан, а на Сара Пејлин сосе мажот и петте деца би им пресудила ко Ленин што им пресудил на Романови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Оваа вечер имаше што да му каже Ката на Стевана, а Стеван уште сабајлето го пренесе тоа, и веќе утредента по разговорот сите Адемови чифчии знаеја дека Адам ќе го продаде чифлигот на некој си Јована од Прилеп, сосем нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Хм“, стори тој, ја завлече кошулата наназад и ја соблече, остана по маица. „Пекол“, вели, „уште сабајлево“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)