уште (прил.) - со (предл.)

Тогаш пак ги превртев гениталиите во дланката овде на смртната постела додека свеската, сѐ уште со раката на мојата нога над коленото, чека да може да ја шмугне својата топла дланка нагоре каде што јас ја чекам со гениталиите в рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ретко кога работите се откриваат одеднаш со сите резултати и со сите последици, особено за луѓе како мене, кои не можат уште со првиот поглед да ги проценат сите поединости и да го совладаат сиот волумен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако некаде мириса на ориент во Солун, тогаш тоа е токму на пазарот, оној што граничи со „Виа Егнатија“, со „Цимиски“ и уште со некои главни солунски магистрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Шо тропаш, бре ќелеш, ошче со ноќ по туѓите куќи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А народот со понос го изговараше неговото име, а уште со поголем понос и гордост неговиот прекар — паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште со појавувањето, ја грабнаа кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога му пристапи Викторија, да му бакне рака, освен со низа флорини, стариот Карче ја дарува уште со пет лири одгоре... дајреџијата
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Уште со првите зборови ги освојуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стреперив сиот зашто и по третпат очекував да зафучи студеното ветре околу моето срце и да се вознемири стаената темнина во моето сеќавање, во кое се беше счучурил, уште со првиот поглед.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште со првото утро почна трескавично да слика. Да создава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стрелајте од грб и гледајте да погодите уште со првиот куршум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Шарениот тамбурашки оркестар уште со првите акорди почна да ги разгалува срцата на трите дами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа го знаеше уште со првиот поглед кон долинката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со подигнатата рака не замавна само за трошка од мигот. Можеби затоа што она, уште со влегувањето, не покажа никаков заб, туку просто се стркала тука и тој не замавна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште со по некое крило, со по некој пердув.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, ја крпиме уште со зборови. Еден збор те фрла на друг, една мисла раѓа друга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Уште со гајди ќе свириме, вели, на гробот да ти свират.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Витомир уште со прво се фати за тутунот. Само витка цигара за цигара и само чади. Чади и јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште со појавата на првата книга раскази, „Пасквелија“, Живко Чинго побуди интересирање во литерарните кругови, особено кај критиката: стануваше јасно дека се јавува еден автентичен раскажувач чија проза произлегува од еден изграден литерарен свет, чие раскажување потекнува од некои најдени системи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Уште со неставен залак в уста, заѕвони телефонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знаеше: да говори ли уште со неа, да ѝ каже дека металната болка во градите руши еден востановен закон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Глупости пишуваат овие, тие ќе ми го раскинат бракот…, па јас сум сѐ уште со тебе во брак. И ќе бидам.“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И навистина, чупите Ѓуро ги омажи уште со невреме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, уште со влегувањето, невестата Менка грабна еден два страга борина, излезе и се врата назад со полна мисурка сланина и по некое ребренце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште со видувањето Пере знаеше дока идат за радост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште со идењето на Стоја, Митра му истури еден грст солзи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И утрото, уште со видело, си дојдоа нашите свадбари в село со сите дарови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра магарињата пред стап: – Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа остана во последната куќа на нашето семејство во егзил, со сега запустената врска со клучеви, од напуштените куќи крај морето и крај Езерото, но сѐ уште со пустата надеж дека некој, сепак, ќе им ги најде вистинските брави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И уште со прво почнав да пекам за вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од водата се накрева издишка, ти свири на уши, сол и јод ти лепи на устите, мене уште со прво ме потера на повраќање, сета сум ко ошумоглавена, воздухот ми станува плиток, не можам да го досегнам, не ми втасува дишењето,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За тоа му требаше уште со темно да појде од Блатието, да се изложува на опасности од зулумќари и разни силници кои толку често се среќаваа по друмовите, па потоа и да чека пред градските порти додека да помине деврието.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Санџак-бегот, сѐ уште со огромна тага во очите, го водеше ибн Тајко потаму, како да го дрпа на јаженце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но Калија веќе не беше таму. Ја зела чезата, рече татко му Пајко без глас, и штом слушнала дека е тој в џамија, тргнала уште со ден кон манастирот „Свети Никола“ во Кожле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше право да се ожени уште со една, или уште со колку сака, ама тој тоа не го спомнуваше, иако околу него жени беа само нејзините сестри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)