уште (прил.) - цел (прид.)

Тој студ уште цела недела остана во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А некој од нив рекол: „Да го отковаме ковчегот и да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа сонцето го огреа баш во селото Чаништа, оттука до чуката Маргара имаше уште цел час одење, та тие што беа на чуката слободно можеа да го видат неговото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)