уште (прил.) - половина (прил.)

Се кревам на прсти. Ја испружувам рака. Уште половина метар.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Јехуда пак мислеше на неа по цел ден. Се радуваше кога ќе ја сретнеше случајно или кога ќе ја посетеше дома, во присуство на родителите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Купија сукно, мошне квалитетно – и тоа не им беше тешко, зашто за тоа мислеле уште половина година пред тоа и ретко кога еднаш месечно да не излезат по дуќани и не ги испитаат цените; затоа, пак, Петрович рекол дека подбро сукно и не можело да се најде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така двајцата трепереа во квечерините како пламенчиња на благ ветрец, си ги чувствуваа дамарите што се забрзуваа до шумоглавост, преку трепетот на телата што ги опфаќаше и двајцата и кој Алегра нагло го прекинуваше, заминувајќи и дофрлајќи му од вратата:  „Уште половина година до нашиот Пурим”, и се губеше во првиот самрак на улицата, не забележувајќи ме мене, заминувајќи со брз чекор кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
СИВИЌ: Доцни уште половина час. ХЕРЦОГ: Па пред половина саат доцнеше уште половина час.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)