уште (прил.) - така (прил.)

Пере се помести на столицата, ја зеде чашата ракија, сѐ уште така полна како кога му ја ставив, ја заврти меѓу прстите, и пак ја остави на местото без да се напие.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И уште така наеежен, коџабашијата се вџаши и ожолте како восок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И само што требаше да оптегне за ногата, да пукне, му се сретнаа очите со паднатиот и Суло го задржа прстот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние уште така: отвори ги, затвори ги клепките, само клепаме со очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брзајќи биволите спотнаа. Сѐ уште така крцкот се слуша по ридје.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Денот веќе се навалил, небото примижува над покривите, а јас уште така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)