уште (прил.) - тогаш (прил.)

Толе уште тогаш со алчност ги погледа арамиите и нивните јатагани, кубури и пушки со кои овие се бранеа од Турците и со кои и колеа по некого што им паѓаше в раце да им одмаздат за многуте зулуми што им правеа на христијаните и сиромасите, како Адембег на неговите родители и нему.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Уште тогаш Винстон и не помислуваше дека луѓето кои исчезнуваа во чистките навистина ги извршиле престапите за кои беа обвинувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ме напушташе уште тогаш мислата, макар што сѐ уште немав свое семејство, за иднината на моите потомци, на мојот народ!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште тогаш ни се наложи моделот на Француската револуција од 1789 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште тогаш јасно му ставив на знаење дека тоа што го работи не го ценам, зошто знам дека не е вредно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Уште тогаш беше со бели коси и врсник со татко ми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се сети кога пред неколку месеци гуските летаа во "В" - уште тогаш знаеше дека зимата ќе биде кочан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Загубеноста беше сосема пријатна, а со „лудилото“ можеше да се игра... уште тогаш.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не случајно уште тогаш пред да замине во Маказар, толку му се налути на Јане, кога овој му рече: Не си ти Симон тој човек, друг бил тој твој предок Никола Поцо, за кој ми кажуваш!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште тогаш, додека сите нејзини соученички веќе имаа момчиња, а момчињата веќе имаа по неколку девојки, таа сѐ уште чекаше да ѝ се случи првиот бакнеж. (Никогаш во животот нема да може да си објасни што е тоа што неа ја задржуваше да тапка неколку чекори зад животните искуства на својата генерација).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ни на сон не можев да претпоставам дека уште тогаш, кога вежбавме на разбојот, и тој ја гледал со исти очи како јас што сум ја гледал, како маж што гледа жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција имаше право: јас сум можел уште тогаш да ја обезбедам својата иднина, со едно просто потпишување на текст што друг ми го составил; требаше само да станам дел од едно колективно, врвно јас – и сѐ ќе беше како треба. Вака, меѓутоа, јас бев на полпат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме делеше ли уште тогаш со друг, мене и се друго што беше мое, и нели се споулавуваше зашто тој друг го гледаш со јама на чело?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Паметам само дека помислив оти тоа тресење на прстите може да биде обид да се омеѓи просторот на сигурноста во моментите кога загрозувањето на таа сигурност станува очигледно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За мене, мал, неук и неупатен сепак тој гест уште тогаш претставуваше некаков знак; дури и ритуал во чие што значење и не мора да сум упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но уште тогаш сфати дека цената на успехот мора да се плаќа со она што во однос на другите го викаше лицемерие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби уште тогаш требаше да замижам со очиве, да поголтнам, како што е ред, и да ви пријдам под стреата каде што ме чекавте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но уште тогаш се зачна сомнежот кај власта и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од ден на ден се разлевав како црно вино врз бесквасен леб од мене уште тогаш преостана повеќе боја, и мирис, и слика одошто плот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште тогаш М.Ѓурев, беше помислил дека вистината не е како судбината на човекот, неа не можеш да ја покриеш со неколку лопати земја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)