уште (прил.) - кога (сврз.)

А уште кога влеговме во дворот татко ме печна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние веќе го прежаливме јадењето, како да ни вели, уште кога ве видовме, го прежаливме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште кога го најдов врзан Павлета Катин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, уште кога ме виде како да се сети на нешто и почна да му се враќа плачењето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Мартина, уште кога тргна кон нив, му затупка срцето, но беше премногу горделив за да се откаже да оди накај нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште кога ќе го смисли зборот, почнува да му кркори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти вака само еднаш се има прикажано. Ама тоа беше пред војска и пред војна. Уште кога немавме ни родено, ни умрено. 227
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште кога пропадна востанието се виде. И сѐ се разневиде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште кога ја грлевме пченката во Латкова ливада и кога се притемна небото, како ненадеен облак да се вдаде однекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама мене ме изеде јанѕа уште кога тргна кај џандарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегла да бере трески утрината, уште кога беше мирно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаев јас за нив, уште кога дојдоа знаев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)