целосно (прил.) - им (зам.)

Климент Камилски, библиофил од голем ков на Балканот, во својата подготвена литература за чистењето на јазиците од опасните турцизми, пред себе го имаше Вуковиот Речник од 1818 година, во чиј предговор авторот, точката 10 целосно им ја посветил на турските лексички елементи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ЗОО речиси целосно им е „посветен“ на животните: во рамките на неговата колажна сценографија се појавуваат на пр. логоа на фирми што употребуваат животни (Камел, Самсон), видеоснимки и филмови за животни, цела митологија врзана за нив (Леда и Лебедот), а најмногу нивното физичко распаѓање (додека во ДАВЕЊЕТО ПО БРОЕВИ се појавуваат убиени животни).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)