често (прил.) - во (предл.)

Кога Татко нè виде сите заедно околу него, синови и ќерка, што не се случуваше често во последните години, само Бог знае од каде најде сили за да потстане.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
О, колку често во текот на краткиот престој во Албанија, во нејзиниот измачен релјеф од драконското спроведување на погрешно пресадените идеи во развојот на земјата, иднината, запаѓав во резигнација и безизлез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога Татко реши конечно да го напушти засекогаш Цариград, доаѓаше често во големите храмови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И ако во тие спорни гранични региони сатирата се преплетува со фантастиката - убаво; ако се преплетува со гротеската - уште поубаво; ако се движи по тенкиот раб меѓу утопијата и секојдневието - од убаво поубаво.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Преведувачот врз себе ја презема целата одговорност (хм, ова не се слуша често во денешно време!) за изборот, преводот и предговорот на овој краток вовед во битието и корпусот на руската сатира.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И којзнае заради што но сето тоа време тој многу често во своите притивнати размии, загубиго - најдиго, сеедно се среќаваше сѐ со еден лик, сѐ со името на еден човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А бидејќи ја сочува навиката да разговара со своето срнче, тој знаеше многу често во тие неколку дена на тоа живинче да му повторува сè, што сакаше да каже гласно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На скршеното окно закова парче ламаринка, окното од тоа стана едно слепо окно, така правеа често во селото, кога ќе немаа при рака стакло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Премногу често во животот ми беа друшки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во младоста покажувал страст спрема коцкањето, подоцна спрема алкохолот, со што се доведувал често во незавидна материјална положба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работел на пониски владини места во Санкт Петербург пред да постигне литературен успех со Вечерите на една фирма близу Диканка (1831).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу често во секојдневието, налетуваме на грешни мисли.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Припаѓаа на три вери, беа рисјани (православни и католици) и во голем број преобратени во муслимани, без да бидат тврди во ниту една религија, повеќе од различните вери најмногу ги поврзуваше албанството, стапуваа често во мешани брачни заедници, не познаваа верски судири во историјата, видни дејци, интелектуалци, писатели, живеејќи во туѓина повеќе беа прелеани со клучни вредности кај другите отколку кај своите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Излезе на брзина до првото бистро да купи голем сендвич, полметарски багет со жамбон, како што правеше често во младоста во Париз кога го подготвуваше докторатот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Те гледам често во „Зона“, седиш со ветви мажи“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше рефрен што се слушаше често во моменти на преголеми емоции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го беа избањале и му дозволуваа да се мие релативно често во еден тенекиен леѓен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нејзините дупки и пукнатини живеат разни птици кои постојано испуштаат глас, веселејќи се или карајќи се која подобро живеалиште да фати; но кога ќе видат заедничка опасност: орел или лисица, се кријат која каде стаса, често во едно седело.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Навистина се покажав како незнајко, бидејќи филмот на крај беше токму она што милион клинци сакаа да бидат - слободни на патот, да дилуваат дрога и да ги бркаат. (...) Суперѕвездите од старата Фектори не доаѓаа често во новата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На таа дистинкција ќе инсистирам често во натамошниот текст.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Легнати така на тревата сува фатија сенка трева се дува често во градот се правеа статива со увозно ѓубре шиптарска сатива
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тревата стана и државен спорт се земаше често во радост и зорт инспектори видни дуваа ко стока чуваа неколку резерви во фиока
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
СИМКА: (Следена од другарките и мајка и, се повлекува во другата соба, додека другарките ја продолжуваат песната.) Не ли ти велев, девојко, не оди често в комшии, комшии ти се душмани.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На ти и тебе, бре ајдамак, да пораснеш голем!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дали поради нејзиното големо страдање во животот, често во ситуација меѓу животот и смрт­та, особено во војните, со нас децата, беше обземена од мистеријата на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме гледаше често во Татковата би­блиотека, околу книгите, како се обидувам да разберам некои од нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Мајка имаше и своја „грчка љубов” која се роди во душата во раните години на нејзиниот живот и која содржеше лични тајни кои беа често во расчекор со Татковото поимање на балканската историја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се гадеше нему од воздушните маскаради!... Само демонстративни летови!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Поучни издигнувања!... Секогаш научни!.. Тоа беше неговата апсолутна формула.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен што беше пронаоѓач, автор, новинар, тој се качуваше често во балон...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му направија посебно впечаток отоманизмите ајде, ајде (побрзо, побрзо) и јаваш, јаваш, (полека, полека) кои ги слушаше често во јазиците во Македонија, а ги употребуваа и неговите родители во нивниот ладино кастиљански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас често во едно писмо пишував повеќе писма знаејќи секогаш дека тие ќе најдат место во големата душа на мојата голема читателка и ќе ми се вратат во нов, облагороден облик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И еве по многу години, кога ја снема нашата куќа крај реката, кога таму се пресели едно друго време, на бетон и врева, често во тивките ноќи на истиот простор, кајшто останал само дел од тврдината Кале на другиот брег од реката, само во небото го откривам непроменет некогашниот поредок на ѕвездите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Која блеска најсилно во сеќавањето?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На овие мисли ме поттикнаа вашите писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
 Поминувам често во Скопје крај една зграда што ја нарекуваат Ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сандри не сакаше да му каже на непознатиов за една чудна слика што му се појавуваше често во свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)