човечко (прил.) - суштество (имн.)

Ако ви речам дека Роланд, последната љубов на мојот живот, но секако не и првата (а сега се прашувате од каде, пак, сум сигурна дека е последна) беше едно толку благородно човечко суштество, што целата своја љубов ја даваше на други и ништо не остануваше за него, дури дотолку немаше разбирање за себе и за своите потреби што не можеше да види во што се претвори на крајот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дефинирањето на ВР со телеприсуство угодно ги исклучува имагинарните светови на уметноста, математиката, и забавата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Роботичкото телеприсуство доведува до правовремена човечка ефективност на едно реално место во светот без да има човечко суштество од крв и месо на таа локација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во времето кога новото човечко суштество ќе ја наполни петнаесеттата, наоѓаме суштество слично на нас самите: полулудо, помалку или повеќе прилагодено на лудиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неодамна западниот уметнички свет доби ново песо­лико човечко суштество во ликот на рускиот уметник Олег Кулик.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Леонардо со години се мачел обидувајќи се да направи човечко суштество- машина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од структурален аспект, “Маклабас” е конципиран како голем мозаик на сцени кои кореспондираат една со друга во контекст на апстрактниот чудотворен минерал наречен - “Зелен Дијамант”. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 36 Зелениот дијамант е всушност минерал кој има самосвест и кој може да ги менува просторно- временските димензии како и да се инкарнира во човечко суштество (Горан Ивановски).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во зората на својата женственост, пред надоаѓачкиот можен стереотип на своето однесување, со биолошкиот влог и со меланхо­лијата, тоа човечко суштество носи еден костим познат преку седумнаесет­ вековните “инфантки” од сликите на Веласказ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаев дека таа нејзина сигурност е неприродна; претпоставував, дури, дека зад неа се крие и сосема ронливо човечко суштество, слабо и искомплексирано.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш немаше искусено, или немаше сонувано, дека може целосно да апсорбира друго човечко суштество во своето дишење и својата крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да не бев човечко суштество, повеќе од сè би сакала да бидам птица, а ти?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но за таласум мора да се жртвува човечко суштество, а Даиел мразел да одземе човечки живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел не можеше да верува дека едно човечко суштество може толку заплеткано да се соедини со друго.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше збунет и не можеше да верува дека друго човечко суштество, без да стави рака на него, и без да му каже ниту еден збор, па дури и да не гледа во него, може да го парчоса неговиот свет и од него да направи куп урнатини.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој толку многу се спои со нејзиниот живот, со нејзинотo размислување, со нејзините чувства и со нејзиното дишење, така што таа дури и не го сметаше за одвоено човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Или барем да ме оттурне, или да се одалечи од мене, или да стори што и да било, само да реагира како човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најопасната идеја е оној лудачки, мегаломански поим ЗНАМ! што го дефинира робувачкото човечко суштество како мислител.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нечуена дрскост! Робот е поттикнат да стане филозоф!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, а сега знам: јас сум ништо.“ Идниот ден разговарав со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа светлина е составена од голем број зраци, од кои секој е некој од човековите најсуштински белези.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помеѓу брегот на нормалноста и брегот на лудилото не постои мост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на еден живот човековото Јас е обликувано од искуството онака како што морето обликува камен во текот на столетија; Јас е она што го издвојува секое човечко суштество од остатокот на светот, но Јас е и она преку што човечкото суштество се поврзува со светот; Јас е центарот на гравитација на сопствениот универзум, тоа е чувството за себе и светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така брат ми беше и Каин, и на него се однесуваа Божјите зборови: “Што направи? Чуј!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечкиот род отсекогаш го насетувал, и засекогаш само ќе го насетува без да може да си докаже дали е тоа вистина или се самозалажува, она чувство дека во самото човечко суштество тлее некаква нематеријална светлина, нешто што можеби останува да гори и по згаснувањето на телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И на таа мудрост додаваше: “Твојот живот е толку бесмислен.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И бидејќи е исполнето со тоа чувство, ја носи и животната исполнетост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ги одвои своите усни од моите, рече: „Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, и се надевав дека низ таа запрашаност ќе стигнам до одговорот за сопствената суштина која ме поврзува со сѐ што постои во универзумот - состојба до која треба да стигне секое човечко суштество поставувајќи си го тоа прашање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На таа вина, која, велеше, му е присушта на секое човечко суштество, себеси си додаваше уште една – тврдеше дека се сеќава дека уште како едно и пол годишен ја посакал смртта на тукушто родениот брат Јулиус, кој умрел шест месеци подоцна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На оној друг брег секое човечко суштество живее во свој сопствен свет, затоа што лудилото настапува кога Јас се откинува од реалноста, раскинувајќи се во себе, и создава своја сопствена не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помеѓу утрото и ноќта ми кажуваше по некоја мудрост од еврејските свети книги, која можеби и самата ја измислуваше, дека жената без пород не е човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога не можат ниту да побегнат, ниту да се уверат дека другите се само прецизни механизми, чувствуваат како другиот да го осакатува нивното Јас, како да ја касапи внатрешноста на тоа Јас, и тоа чувство ги полни со страв и со омраза. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тука, покрај Густав Климт, седеше неговата две години постара сестра Клара, која повремено, сосема неумесно за салонот, грубо го удираше со лактот, го прекоруваше, а тој се правдаше дека неговото однесување е дел од слободата која му е потребна на секое човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Во секое човечко суштество лежи потенцијал да стори дело против законот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на еден живот човековото Јас е обликувано од искуството онака како што морето обликува камен во текот на столетија; Јас е она што го издвојува секое човечко суштество од остатокот на светот, но Јас е и она преку што човечкото суштество се поврзува со светот; Јас е центарот на гравитација на сопствениот универзум, тоа е чувството за себе и светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа му велеше дека начинот на кој се изразува не покажува дека е слободен, туку дека ги презира жените, дека им се потсмева и ги понижува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога не можат да побегнат, замислуваат дека другите, оние кои можат да ја стоплат и исполнат ледената пустош во нив, се предмети, и дека секое човечко суштество е само прецизен механизам, не повеќе жив отколку некој часовник, и така безживотен не може да ја измести ужаснувачката мртвост на нивната празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошто тогаш не го сместите целиот човечки род во затвори и лудници?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе чие Јас не е сигурно во себе, затоа што нивното Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често се предлагани нацрти на нови устави кои воведуваат клаузули дека фетусот е човечко суштество од моментот на зачнувањето.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но пред избистрените стеснети зеници му се нишнала сенка на која не можел да ѝ го сфати обликот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој не определил веднаш дали непокането се снове меѓу заспаните човечко суштество или дивина чии сетила непогрешно го пресметале мигот кога да ѝ се доближи на умртвената глутница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој ти зборува а ти не смееш да си дозволиш да го слушаш, мораш будно да следиш што се случува, затоа што секоја секунда е потенцијално опасна, затоа што животот и смртта добиваат сосема други димензии кога си вака безусловно врзан за друго човечко суштество, затоа што нема назад откако тоа еднаш ќе го почувствуваш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во таквите ситуации се случува луѓето да се жртвуваат себеси за да го спасат животот на другите и за да ја одбранат својата претстава за високите морални и хумани вредност, оние кои ја покажуваат смислата на човековото постоење и важноста на потрагата по таа смисла за секое човечко суштество; - Некои раскази доживеаја јазична и стилска редакција затоа што, овој пат, се потрудив да вклучам преведувачи кои направија изворен превод или редакција на преводот според оригиналот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој е, можеби, најенергичното човечко суштество на овој свет – но само кога никој не го гледа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Очигледно ги преценив неговите потенцијални можности. Но, што е, тука е.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Немав време за правење споредби минато-сегашност, зошто веднаш сфатив дека сум единствено човечко суштество на Земјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Излезе првата ѕвезда. Ми намигна пријателски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Соземи се. На дрвово не е кивавичаво петле, туку човечко суштество.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Тој не е човечко суштество.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ме јуначеше дека сепак можеби ќе им помогнам на заробените момчаци да се ослободат од Мортенија, за која не знаев што е, човечко суштество или злокобна мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неговиот брат близнак се согласи со него: - Точно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа јас го реков.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И додека со поглед го одмеруваше стеблото на дивиот костен, јас треперев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гледајќи како го засака и како е умна пудлицата, Богдан се присети на своето куче од детството што им се роди и одрасна во куќата и кое го сакаа и одгледуваа како член на семејството, како човечко суштество, а не како куче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека го посматраше безокото лице со вилицата што се движеше брзо горе долу, Винстон имаше необично чувство дека тоа не е вистинско човечко суштество, туку некаква кукла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај сета нивна остроумност, тие никогаш не успеаја да ја совладаат тајната како да дознаат што мисли друго човечко суштество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојат прилики кога едно човечко суштество може да ѝ се противстави на болката, дури и по цена на смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дали некогаш ти паднало на ум, Винстоне, дека до 2050 година најдоцна, нема да биде живо ниту едно човечко суштество кое би можело да разбере еден ваков разговор, каков што водиме сега ние?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едниот е, како да открие, против негова волја, што мисли другото човечко суштество, а вториот е - како да убие неколку стотици милиони луѓе за неколку секунди, без претходно предупредување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и денес, во периодот на назадување, просечното човечко суштество физички и понатаму е во подобра ситуација отколку што било пред неколку века.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Покажуваат вчудовидувачка интелигенција да распознаат кога едно човечко суштество е беспомошно.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да подметне некое друго човечко суштество, тело на некое друго човечко суштество, меѓу себе и стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред него се наоѓаше непријател кој имаше намера да го убие: пред него, исто така, беше едно човечко суштество, во болка и можеби со скршена коска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Осаменото-слободно-човечко суштество е секогаш победено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали сте третирани повеќе како човечко суштество ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каков доказ има тој дека барем едно единствено човечко суштество кое живее сега е на негова страна?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствените докази се внатре во мојот ум и не знам со сигурност дали и некое друго човечко суштество го споделува тоа мое сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора така да биде, затоа што секое човечко суштество е осудено да умре, што е најголем од сите неуспеси.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мораме да бидеме свесни за потребата од проширување на основите на технологијата, за да му овозможиме на технолошкото човечко суштество да преживее, насекаде, колку што е можно повеќе, така што ќе станеме освестени технолошки суштества и нема да оставаме луѓе зад нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што значи да се биде “присутен” некаде, како човечко суштество?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Обичното човечко суштество, кога е тажно, гледа како небото станува темно и како сонцето го прекриваат облаци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Целиот свет еднаш беше дел од човечката психа, но сега веќе не е.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не бара да се протера кучето или да му се лути на Винко: „Навистина, како си смеел да поведеш куче на логорување, кога знаеш дека не е дозволено...“, туку и тој почесто ќе клекне крај него, ќе го погали и ќе му рече нешто како на човечко суштество што разбира.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Непреченоста согледува дека во сета вселена секоја работа, секое човечко суштество е во средиштето, и дека токму поради тоа тој е најпочитуван од сите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сега живеам меѓу “другите” и тоа е неверојатната приказна која морам да ја раскажам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како личност јас бев потполно шокиран, но како уметник, којшто не е 100% вистинско човечко суштество, не ги доживеав промените толку бргу.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Чарлс Ивс jа имаше оваа идеја: публиката е било кој од нас, едноставно таа е човечко суштество.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)