чудно (прил.) - задоволство (имн.)

Почувствував чудно задоволство од допирот на неговите усни и мојата брадавица, додека брат ми истргуваше млеко од мојата овената града.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Продолжи така, а во тоа имаше и едно чудно задоволство, што сега веќе не мораше да ја носи својата извишена исправеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговото чудно задоволство се топеше пребргу во тоа напорно пробивање на врзаниот чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-Дури кога ќе се најдам на ваква патека сфаќам зошто не ги претпочитам широките улици по градовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И додека се будев знаев дека се будам, и жалев што тоа блаженство на доењето нема да потрае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но Даскалов без некоја поодредена намера ми го одвлекува вниманието од збунетоста: - Патекава нуди чудно задоволство - вели тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)