чудно (прил.) - прашање (имн.)

Несомненоста на откритието што и не помислував да го сместам во папките на сонот, зашто и не беше дојдено од таму, наеднаш го сфатив како порака или како наговестување на сомнението дека можеби не сме гости само на еден единствен живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Усните се стиснаа над големите заби. „Тоа е малку чудно прашање. Со кое право сте директни?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но и покрај таквата увереност, додека гледав во текстот на Грофот сфатив дека си го поставувам она чудно прашање: во кој мој живот ги имав видено тие мали картички со бујни водотеци од стихови?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)