чудно (прил.) - дека (сврз.)

„Вчера. Чудно дека не Ве запознал со средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И не е чудно дека ракот наречен бирократија својот корен го влече одовде, заклучувам и ми станува смешно затоа што од логичното правам парадоксално: па сигурно дека коренот расте од земјата!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој е добар шахист, знаете”, лежерно рече владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Значи ништо чудно дека забележала оти денот ѝ се скусил додека го минувала сиот овој пат за да може да разговара со мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нели е малку чудно дека само нам ни е ускратено враќањето во Рајот, и како можност, и како надеж, праша таа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мене ми беше чудно дека беше уште рано, но за нив тоа веќе не беше рано, туку напротив, денот веќе тргнал да се троши, и тоа, во овој случај, со настроение на лутина и напрегнатост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Цвета подобро помина, често одеше кај маќеата и не беше чудно дека таму пиела вода, иако не признаваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)