шестпати (прил.) - во (предл.)

На најсеверниот север, велат, пет или шестпати во годината, денот може да трае и цел месец.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во мај 1933 пристигнаа во Солун, полни со амбиции и со убави очекувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И среде таа ноќ на ужасот само Храмот го осветлуваше пределот послан со човечки тела, а пред јужниот ѕид на Градот слета војска од сиви архангели што не беа ни Гавриил, ни Рафаил, ни Михаил, ни Ариел, ни Азраел, ни Јофиел, ни Јеремиел, ни Метатрон, ни Рагуел, ни Разиел, ни Сандалфон, ни Уриел, ни Задкиел, ни Ханиел, ни Шамуел, но некои други Сили и ги ставија шофарите што сега им беа свиени до шестпати и засвирија шест по шестпати во нив, та падна јужниот ѕид на Градот и се отвори браната кон Ге Хином што значи „долината на децата на Хином”, која се протега од подножјето на ридот Цион до кидронската долина, па штом падна јужниот бедем од долината, заплисна врелиот здив на зборот Гехенна, поимот на Пеколот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)