што (прил.) - има (гл.)

Јас сум вдовицата која ја пушта последната, најпоследната пара во сандучето црковно, јас најмногу давам затоа што дадов сѐ што имам, мој дар е најголем... тмочислен е мојот дар!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Што има врска лукот со злото? – прашав.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Попис, обичен попис. Место на луѓе – на кози. Што има тука за плашење?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следните денови го испрошетав насекаде каде што имаше желба да оди и да види.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Освен известието на Челебијата никој друг не се јави со тужба против Толета, бидејќи и Аќиф како и Толе не беше кажал ни од каде е, ни што има, та никој не дојде да го побара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка во годините на немаштија и сиромаштија, сѐ што имавме, облеки, храна, лекови, делеше со посиромашните од нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Зошто? Што имам јас со Евреите, се бранев од стихијата, од нив, од себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И насетувавме дека тоа е во некаква тајна врска со чудната болест на ќерката негова, која веќе со години (поради надвиснатото проклетство над нашето царство и над кобната одаја со едно нерастајнето слово во неа) лежеше болна од болест чудна, непозната, и искина толку постели колку што имаме години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сочувствителен со страдањата на својот народ, Коста бил готов да дели сѐ што имал со оние што немале и страдале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Гулабите, ех гулабите“, од длабочината на душата издишуваше Мише Сечко. Ќе речеш: „Гулабите и гулабарникот се сѐ што имам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
МИЛКА: Не ме слушаш. Што има? Што станало?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште еднаш мислата ѝ полета кон синото плико каде што имаше патоказ за нејзиното појдовно истражување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еј, ѓаволе, му рече Змејко. Што има? Срнчето на тоа само помрдна со увцињата, како да му рече да молкне, а потоа пак се скамени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури последната вечер, кога беа блиску до селото, по една недела пат, Башмајсторот го повика онојго крај огнот и пред сите му изброја сѐ, што имаше заработено, а му придаде нешто и од својот ак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерта го однесе во старата куќа со триста чардачиња и со меѓувраќе со чкрткави подови и со миризба на тафтабити, каде што имаше собичка тој, а жената, што ги издаваше собите, го прими на стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А во устата не знам што имам: дали пепел, дали песок, дали дрвесина. Оган и пламен ми излегува од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па што има да бранам, си мислам, што има повеќе да бранам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни пристудува и се призавиткуваме. Кој со што има.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакаш да појдеш некаде, барем со погледот да појдеш до некаде. Да видиш што има, што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што имал продал, што му избројале на дланка испил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ненадејно, од недообјаснети причини, тој Мустафа - ефендија се пропил, најпрвин кришум а потоа без срам, се запуштил и се откажал од себеси, некогаш трепетлив од хипохондрија, подоцна вошлив чаршиски шут во стуткана и извалкана облека.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да му речам на Луис Марија: „Да се земеме и да ме однесеш во Будимпешта, на еден мост каде што има снег и некој“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе три дни не ми доаѓа ништо од далечината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Кажи што има таму? - го прашавме - Од каде доаѓа овој ветар?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ударот дојде: „Што има помеѓу вас и Јана?“ Лицето на Отец Симеон се затегна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
3. АМАНЕТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човекот повеќе страдал отколку што имал полза од амајлијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Што има лошо во тоа, татко...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Петко веќе чекаше и беше готов. Та што имаше, најпосле, да се готви?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Покрај сомуните, Србите почнаа на „стапицата" да оставаат: конзерви, шеќер, кафе, сапун и друго што имаа во изобилност со разни предизвикувања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Требаше толку таини колку што имаше затвореници и правилно им го делеше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја задржував, колку што имав свесна моќ за тоа, во спомените, потоа, низ лавиринтот на потсвеста, таа за миг ќе ми се појавеше во некој од сништата кој секогаш се збиднуваше зад границата, во родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зашто не сакаше да се замери, но и со волја ја работеше работата:како што го слушаше кљакањето на секирите во шумата така му се чинеше оти е во брезничка планина, со свои луѓе, по дрва, како што имаа обичај групно да одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Не јал пченкарник затоа што имал бел леб - одговори чичко Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Косот пак исвирка. - Двајца да појдат и да видат што има! - повторно нареди командирот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
КУРТА: Полека! Што има ти да гризеш?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Оваа Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А што има надвор од границата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Уште, уште, велат. Нема уште, велам, кажав што имам да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)