што (прил.) - направи (гл.)

Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тода отиде кај Бисера и накратко ѝ исприкажа што направи со китката што ја зеде од котлето: Како на Тода, така и на Бисера им се направи волјата дека Нешка ја зеде китката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако доаѓаат за да ме ругаат мене, вели, не ми треба. Сам си знам што направив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Та реков да појдам да те видам... А ти што направи со Гоцета?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но само што направи чекор - два, изгуби рамнотежа: како ќутук тресна на подот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас бев подготвена да ги изменам и подобрам работите кај себе, меѓутоа, колку што направив, ни толку не заслужуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како направил и што направил не знам, ама сега веќе мојот народ ни верува ни ја применува поговорката: Да му цркне козата на комшијата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таму тој направи што направи. Под негова рака беше сѐ што беше трговија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„ ... Откако пукнав, олеле, што направив, си реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Родот на тој човек, кој си живеел среќно, попаднал во ропство на некој друг род; победничкиот цар, прво што направил, заповедал да се соберат сите штички што зборуваат и на клада да се запалат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
КАТА: Вистина така е, ама таа е веќе голема, што се вели зборот, утре ќе ја мажиме, пак треба да разбере. (Влегува Софре.) Што направи?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Ете што направи Мокриев, вели мајка, мокри коските да му останат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И што направи? — Секој те замрази и со прст те покажува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сам си виде што направи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секула офкаше ... -Ете, што направи, ете ... - се сврте Ѓеле кон Калча, кој олцаше со стиснати дланки на лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе ми вели дека не знаел што направил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога ќе те прашаат: - Која беше? - Никоја. - Кај си била? - Никаде. - Што направи? - Ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)