што (прил.) - паѓа (гл.)

Исчезна. Можеби се удавила во вирчето скокајќи по ѕвезда што паѓа?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Јане, сине, кај си? Во станот никој не се одзва, можеби затоа што паѓаше самрак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гледаше лице на момче залеано од виделината што паѓаше од високиот прозорец и од тоа изгледаше тенко и бледо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можете полека, нежно, како што снежи од небото снежно, можете тихо, леко, како што паѓа пердувчето меко, како што шепоти трева кога расте, и како што сонот доаѓа, се пласти, - можете да побарате и да замолите, скромно, тихо, со смирена душа та секој да ве разбере, та секој да ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)