што (прил.) - сте (гл.)

Нешто зборуваа, ама од никоја од девојките не слушнаа збор. - Девојки, слушајте ме. Соберете се така како што сте од вашите села.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како еден од најупотребуваните се смета џиткањето од зграда кое секогаш завршува со фатални последици освен доколку не намеравате да се фрлите од понизок кат па наместо да ја исполните намерата која сте ја замислиле, да се каете што сте останале инвалид со скршени нозе и ребра.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Останете каде што сте. Да не сте мрднале додека не ви се нареди.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
СПИРО: Веднаш, чорбаџи! Нацо! Нацо мори... Не ѝ се слуша, лисица! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште да ме чека! Тоа ли е ред! Ама што сте се здибечиле овде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
– „За гревови, завали штрк, рекла Неда, што сте го тепале, доста му е самотијата што е вдовец како мене, па сте го тепале.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дали што сте, ве молам кажете ми да се уверам, оти на ум сум станал со вашава приказувачка“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Што сте запнале, личи на овој, личи на оној.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
КУМОТ: (на свирачите). Што сте ми задремале бре вие?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Ќе ве кајдисам, живи ќе ве печам, суртуци, но ќе кажете што сте му направиле на брат ми.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Селани сме, не сме ни аскер ни арамии.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Знам што сте“, исцеди од стеснатите усни Турчинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што сте се омацуриле, како мачки на дожд? - ги кори еден од епизодистите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Што сте вие? Фабриканти? Тутунџии?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Добро што сте го донеле - рече.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се создаде толкава врева, се слушна веројатно и во ординацијата, па оттаму излезе сестра Мира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што сте сториле, деца?“ се исплаши сестра Мира кога ме виде и веднаш, без да побара книшка, ме внесе кај докторката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Оти плачете, бре, ги прашувам војниците, што сте ги надуле гајдите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)