што (прил.) - тврди (гл.)

Се разбира, најпосле ја повика тетка Ана да ѝ ги спакува куферите, зашто, како што тврди, самата е неспособна тоа да го стори, а сестра ѝ била „махер“ за пакување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зошто и самото создавање на идеални творби, на пример, математички, изискува, како што тврдеше Хусерл притоа не извлекувајќи ги сите заклучоци, вклучување во она што тој го нарекува “духовно тело” на пишуваното.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едно нешто што му помогнало било убиството на Синан ефенди, одметник, иако тој лично не му ја отсекол главата, како што тврди, туку тоа биле двајца платени луѓе, Есад и Бардуљ, Албанци од Метимир.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што тврдеше и самиот Раде, Крстиќ умеел да сослуша, имал разбирање за туѓите неволи, личел на човек кој знае што сака а и татко му на тој Крстиќ кој изградил многу палати во Белград бил човек од нашите краишта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Точно, но во мера во која тоа прашање ја надминува смислата што му ја даде Сартр.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)