што (прил.) - татко (имн.)

Некои гласови идеа и до нас, но за сите нас најзначајно беше што татко ми купи коза, а мајка ми беше среќна со сите нас децата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се упати кон шаторите, каде што татко му, доктор Коста и инженерот Александар правеа подготовки за работата што ги очекуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи имаше кино-проекции и во неделите, Мајка одеше понекогаш да работи и прекувремено, макар што Татко ја молеше барем тие денови да си останува дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Камилски толку многу инсистираше што Татко најпосле му рече, ако има време, да ја побара кај париските букинисти докторската дисертација објавена како книга на Нахум Вајсман, Јаничарите, објавена кај Либрери Дорин, во 1938 г. (Nahum Weissman, Les janissaires, Librairie de la Facult des Lettres, Paris, 1938). И само толку!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сликарот се лутеше што татко му нема разбирање за тоа, но Столпника го засака толку што постојано идеше или го викаше дома да му помогне, да го упати во сликањето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)