што (прил.) - веќе (прил.)

„Точно е, сѐ беше речено од моја страна онака како што веќе изјавив, и како што вели и Кубре“ се обидуваше да ја објасни својата улога во оваа несреќа расплаканата Росана, „но со една забелешка што мора да се има предвид.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не можам да објаснам како тоа се случува, ама дека сум жива – беда, знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или побуната е повеќе на подрачјето на изменетиот сензибилитет, против еден воспоставен и признат пејсаж што веќе нема одгласи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Додека светот полека пристигаше во офицерскиот дом, таа само протрча низ нив и се изгуби позади бината каде што веќе беше Тамара организирајќи ги последните нешта пред почетокот на ревијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)