што (прил.) - многу (прил.)

Но маната ѝ е во тоа што многу каса и што нејзиниот отров е многу поопасен: предизвикува големи болки, па дури и смрт.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но најстрашно беше што многу знаци криеја чиста човечка свест, разум.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ние немаме што многу да настрадаме, но Дуковци, кутрите ќе видат беља. Уште и не дожнеале...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Личеше на човек - патник што наминал само така, случајно, кратко, што брзаше, што многу брзаше на својот пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Жари: „Во една прилика посматрав“, вели Батибиус, „еден идиот ... (кој) се беше оддал без прекин на сексуален акт. Но... сосема сам... што многу кажува“.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)