што (прил.) - никогаш (прил.)

Ние, помалите деца, макар што никогаш не го разбравме значењето на зборовите „социјализам“, „комунизам“, „работничка класа“, зборови кои најмногу се повторуваа, мислевме дека се тие најопасни за нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ноќеска повторно го сонував оној сон, но наместо она физичко чувство на ужас што го доживеав првиот пат, а какво што никогаш несум доживеала на јаве, овој пат имав некакво интензивно, мачно, скоро сладострасно чувство на ученик кој е фатен дека не ја научил лекцијата за која јасно му било речено дека мора да ја совлада ако држи до својата иднина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие можеа да бидат наведени да го прифатат и најочигледното извртување на стварноста затоа што никогаш не ја сфатиле огромноста на она што се бараше од нив и не беа доволно заинтересирани за јавните настани за да разберат што се случува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора другарот Тито многу да ја љубел Јованка затоа што никогаш повеќе не дошол во Штип.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мажите не им се лутеа, зашто, покрај својата жена, имаа можност да се нагледаат и на други жени што никогаш повеќе таква можност не ќе им се даде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во себеси, во некој дел од својот мозок, тој, како што велеше, носи часовник кој никогаш не запира, што никогаш не изневерува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)