што (прил.) - така (прил.)

Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ех, мајче... стегни душја, додржи... Кураж. Уште малку и ќе го снема сонцето што така нѐ пече, ќе се смрачи, а тогаш ноќта ќе биде мирна... Ајде, оди по мене...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дури сега забележа? Од кога го носам – одговори мајка ми, правејќи се невешта. – Сите ми го бендисуваат и на сите им кажувам дека ми е од тебе. – И ја испружи раката, погледнувајќи кон показалецот со восхит.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отидов на балконот каде што двете со Надежда пиеја кафе и нешто тивко и тајно си разговараа, и реков грубо: - Гледам, го носиш прстенот, а? Што така?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да бараа во веселиот израз на лицето на ќерката, одговор на прашањето - што е тоа што така одненадеж ја доведе во мајкиното огниште? Сама, без мажот, со малиот син.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И не е ни чудно што така брзо растеше, како полеваните домати и пиперки во стопанството!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Каде тргна, Спасио?“ „На река“. „Што така“? „Да поработам со пиралката. Да ги истурам ако може горчините“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)