што (прил.) - уште (прил.)

Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ајде... Нагло го пресече сега примашот и му се скара што уште не станува да ја исполни порачката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Добро е што уште не влегол во куќава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Кажи ми што уште си загубил или пропуштил за овие десет дена?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Абе ти, толку ли не си вешт да ја прочиташ фарсата? А згора на тоа си и професор, писател, и што уште не.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Фала богу што уште има некролози по весниците.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
1. ВИСТИНАТА Е СВЕТЛИНА НА ДУХОТ - затоа ли ние и не си гледаме в очи, добро е што уште нѐ служи бар слухот: слушаме грамофонски, не надгробни плочи...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти бери умот таква глупост?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Примерен, што уште не, проклет да бидам, примерен серко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)