што (прил.) - често (прил.)

Се мразам што егото незнам да го скротам за секое срање газот да го потам се мразам себеси што Бог го разочарав и погана уста што често отварав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Го должам и објаснувањето дека Роза му е невенчана жена на Раде, можеби еден нов вид метреса или држанка (како што често божем на шега се нарекува таа самата).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го крена тешкиот плик со надеж да види кој е испраќачот и, евентуално, пакетот да го фрли во кошницата за отпадоци неотворен. Како што често правеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)