јасно (прил.) - укажува (гл.)

„Ко не пије боље да га није” гласеше една мудрост од северното соседство и оваа мисла јасно укажува на улогата на пиењето у современото општество.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како што вели самата во својата песна „Поезија“- „Љубовта е поезија, поезијата е љубов“ (во претходната збирка „Полиглот на тишината“) целосно јасно укажувајќи на својата непресушна потреба секоја своја внатрешна состојба, надворешна иритација, секое најмало шумолење на лисјата или ветрот, да го искаже со стихови.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Броењето на прсти кое го забележаа јасно укажуваше дека станува збор за повеќе партнери во исто време, а касарната во Куманово имаше поприличен број војници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но покрај исчезнатиот понеделник, кој толку јасно укажуваше на злата намера на другарот Јаким поттикната веројатно од неговата секретарката Ботка, постоеше уште и оној блескотен камен на белезицата што се наоѓаше на раката на таа иста Ботка а тој, за среќа (или за несреќа) ја беше забележал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Конфликтот што Бретон го имаше со француската левица по Втората светска војна (со Пикасо, на пример) јасно укажува на длабинската приврзаност на Бретон кон слободата на интелектуалецот и неговото јасно согледување на новиот, комунистички тоталитаризам кој во тоа време малкумина слободни интелектуалци и анархоидни уметници на запад можеа да го видат. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 38
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)