јасно (прил.) - ги (зам.)

Тој јасно ги откриваше Татковите намери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да резимираме: класичните мајстори на перспективата во своите трактати јасно ги раздвоија, од едната и другата страна на трите хоризонтали - од кои најниската ја претставуваше линијата на хоризонтот од долен домен, а највиосоката линија го претставуваше челото на горниот домен - двата разнородни простори: просторот на геометриската проекција и просторот на проекцијата во перспектива, со други зборови дводимензионалниот простор и привидите на еден тродимензионален простор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колонизаторите не ги мамат само домородците на начини што Фанон толку јасно ги покажа, туку мораат да се мамат и самите себе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не можејќи да го поднесат ова нехумано работење, а и поради 89 неколкуте неуспешни обиди на синдикатот да издејствува работни услови кои беа прецизирани во купопродажниот договор со бугар- ските инвеститори, на почетокот од ноември 2008, синдикатот на работниците во битолската „Шеќерана“ решава да отпочне штрајк (на кој се приклучуваат сите вработени освен раководителите и службениците).3 Со отпочнувањето на штрајкот, работниците јасно ги истакнуваат нивните барања: усогласување на колектив- ниот договор со ЗРО, одредување на најниска плата, почитување на работничките права и исплата на регрес за годишен одмор за 2006.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лошите услови на работа продолжуваат и во наредните години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, тие во документот се осврнале и на можностите Бугарија да биде дел од југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тие ќе заклучат дека "партизанска Југославија сосема јасно ги постави неуништивите основи на идната федеративна Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но сосем јасно ги слушав бунтовните извици на постарите ученици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Овие занимања... јасно ги обележува камп-сензибилитетот: тие се стил поради стилот, немаат „сериозна“ содржина (фризурата нема „врска“ со ништо), немаат практична примена (само се фини), а формите со кои се зафаќаат ја нагласуваат препреденоста.211 За Зонтаг, токму во оваа склоност на кампот да ја истргне формата на нешто од неговата содржина и со тоа да го преобрази „сериозното во тривијално“ има „тежина“.212 И, во извесна смисла, има право.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приврзаниците на првите јасно ги спротивставуваа аргументите на генералната констатација на антикозарите за штетноста на козите: козата го открила кафето, покажала дека со кастрењето на лозинките се добива повеќе грозје, козите, споредени со тежината на кравите, даваат осум до десет пати повеќе млеко од нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие процеси сè уште не беа дел од стварноста, но Татко со својата силна откорнатичка интуиција јасно ги насетуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)