јасно (прил.) - небо (имн.)

Убава есен, вели мајката Перса, а и треба, за првачињата. Јасно небо, јасни, ведри душички.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќе, при јасно небо, седнува на чардакот или во дворот и, ставајќи ги рацете под главата или потпирајќи се на коњско седло, гледа во ѕвездите проучувајќи ги и проширувајќи го знаењето што му останало од татко му.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Никаде каде што шетал не видел така јасно небо и так јадри и јасни ѕвезди и така нагроздени и распалени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)