јасно (прил.) - во (предл.)

„Бев кај Темјана, мамо, нешто не ми беше јасно во написот за еколозите од „Димитар Миладинов“, па ми објасни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го видов јасно во растреперените сенки од фикусот и исплашено ги затворив очите, но неговата силуета не исчезна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Едно нешто, сепак, не му беше јасно во целава работа: Како во појасот на старецот се најде остар нож?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак, ова е токму она што Kelly самиот го прави: тој применува бинарна логика на проблемот на операционално дефинирање на односи на конструкти што го води до тоа да тврди дека тие односи се „хиерархиски” по природа. Husain го прави ова сосем јасно во следната фуснота (1983, стр. 18): Kelly (1955) не се држи секогаш до интензионалната дефиниција на конструктите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Машкиот дел пред зградата беше прекриен со добро одгледан тревник со детелина чие зеленило и свежина раѓаше кај мене, истовремено, и тага и радост, и копнеж и болка, и нешто недоволно јасно во сеќавањата, и нешто премногу остро во нив, нешто што сечеше како срча навлегувајќи длабоко во месото на животот, и јас тогаш се повлекував во ќелијата, клекнував во аголот наспроти креветот, ја ставав главата меѓу коленици и плачев како дете, или можеби само сакав да плачам како дете на сет глас; да, јас сакав да плачам, но не можев оти рапава грутка ми го затнуваше грлото и ми го параше до изнемоштеност и чувствував тежина на камен под кој лежев како болно дете на пелена и сонував страшни соништа, го сонував животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Планетарен трибализам Иако во Источна Европа е посебно очигледна, наклонетоста кон трибализмот може да се согледа во целиот свет: сосема јасно во Африка, но и во САД, кадешто Движењето за политичка коректност учествува во истата тенденција кон егоизмот на идентитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)