јасно (прил.) - ќе (чест.)

Возбудата, и од помал удар, јасно ќе се забележеше во подзгаснатиот сјај на неговите очи, при треперењето на неговите долги ковчести раце, исшарани од разгранетите модри дамари.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Причините за ракополагањето на Фирмилијана уште еднаш јасно ќе ни покажат каква несреќа за нас Македонците е носењето на името Бугарин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И која сум јас, како перзистирам, а околу мене ескалира оваа ноншалантна, патогена човечка рамнодушност, вициозност, расипаност, порочност, го живеам ли својот живот, ќе почуствувам ли евтимија и етернален спокојот на сопствената умирачка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За неколку секунди после полноќ ќе падне совршениот надворешен оклоп и јасно ќе може да ги видиме љубовта и ранливоста кај сите од нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Меѓутоа, целата мајсторија се состои во онаа средишна буква што, голема и чудна, непрекинато стои, а од неа сите други одат во други насоки, што јасно ќе го покажеме во следниов пример: Gott ist mein Trost (Господ е мојата утеха).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Остварувањето на тоа, според нив, „не би требало да е тешко“, а би требало да излезе уште полесно „доколку националната влада, во која ќе влезат сите партии и која своето постоење го должи најмногу на нашите напори и поддршка, ќе се зацврсти толку сигурно што ќе биде во можност да ја преземе администрацијата на државата за ослободување на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на Грција, експертите сметале дека Британија, од своја страна, би требало да воспостави системи "кои јасно ќе ѝ се обратат на Велика Британија за помош против руското влијание".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не очекувам дека сите што ќе ја прочитаат книгава ќе ги убедам во полезноста на мојот предмет, но се надевам дека барем јасно ќе ја покажам вистинитоста на интелектуалните влогови во моето испитување на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие започнаа да бараат јавни, отворени состаноци на кои јасно ќе се побара: или козите или партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)