љубоморно (прил.) - тропа (гл.)

Погледнете ги само одличијата што им го красат Сонот на пофалените граѓани: Перо од крило на тропска птица; Рачка од слонова коска; Заб од вепар; опаш од сребрена лисица. (А од долапите љубоморно тропаат, Похвалниците, медалите, ордените) Кога се во прашање поразите, Никако да ги откриеме патеките што водат до нив (Или ќе се повикуваме на недоодни лавиринти?)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)