а (сврз.) - мисли (гл.)

Мене душата ми беше полна, а мислам и на селаните.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ха, ха, ха!... Ич не може Славче од ум да ми излезе!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАН: (Крева барде со вода, а мисли на вино). Аирлија нека е, што работевме! ЗАФИР: Не ти оди благословот со вода...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На спеш'л – намаление, со тоа што плаќаш редовна цена, а мислиш дека си прошол поефтино.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Стоиме пред театарот, а мислиме на Хрушчов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ја љубљу, ти љубиш, они љубјат, вели Никифор Абазовски, а мисли на повеќе и на подалеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам во златните сервиси, а мислам тие ме гледаат мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се потпишувам дека јас ќе го гледам, ќе го растам, а мислам на тетка Славјанка, Катина Егова и Паскалина Ајта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се провирам под сенките, а мислам под својата сенка се провирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Престапувам, отстапувам кон џипот, а мислам дека не одам, дека на едно место стојам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За сето време, додека го мислеше тоа, остануваше свесен и за својата глад, а мислеше и на следните некоку дена, што мораше да ги помине долу, во својата пилана на Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никој не знае да заврши реченица, а мислите серете алтани додека зборувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- А мислиш дека самоубиството - викна завитканиот во преврски -за такви како нас е подостоинствено?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Легнувам, а мислам дека не сум легнала, дека сум се свиткала некаде високо над рогузината, над ложникот. Како црвец во кожурец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти дури го кршев нешто како да ми ја тргаше раката, како да ми ја враќаше назад. Го кршам, а мислам дека прстите си ги кршам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)