а (сврз.) - поглед (имн.)

Ќе погледнеш, а погледот ништо никаде не ти покажува и од никаде не ти се враќа назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко ѝ ја гледаше, а погледот му цутеше, срцето благуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поради големата слабост, устата и очите му изгледаа непропорционално големи, а погледот како да му беше исполнет со смртна, непомирлива омраза кон некој или нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е еден вид бајка, и самата приказна му припаѓа на крајот на 19 век.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога ти е најтешко, кога ти се чини дека гласот ти е крик, а погледот - молење, загледај се, нурни се во водите сини, ај, во таа свежина, во тоа шумолење.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А погледот вели: „Ќе му подместам“. Тоа е штедење во изразувањето. 136 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)