а (сврз.) - убав (прид.)

А убав е, не е да речеш дека не е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Светлина што е убава, а убава е затоа што е убава во исто време во сите свои делови, затоа што е убава секогаш во исти односи и на ист начин, затоа што ниту настанува ниту исчезнува, ниту се зголемува ниту се смалува; затоа што не е во еден дел убава а во друг грда, ниту пак во едно време убава а во друго грда, ниту пак по однос на една ствар е грда а по однос на друга убава, ниту пак на едно место е убава а на друго грда, ниту пак за едни е убава а за други грда, туку сама по себе е убава сега, секогаш и во вечни векови, секогаш сама на себе подобна по форма, светлина што во себе го носи изворот на убавината: светлина, музика и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако треба да изградам хиерархија на успешност или вреднување на личноста според убавината и интелектот, ќе ги издвојам следните: 1. глупави и грозни; 2. глупави, а убави; 3. паметни и убави и 4. паметни, а грозни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)